Изградена во далечната 1836 година, ова е најстарата градска куќа во Македонија која сеуште е во функција, куќа која претставува национално богатсво кое сведочи за историјата на македонската куќа и нејзината автентичност, куќа-музеј заштитена од прв степен “Завод за заштита на спомениците и културата на РМ”. Изградена од дрво и камен, со оригинални резбани тавани, оваа куќа била дом на 6 поколенија на фамилијата Јовановиќ, а денес претставува прекрасен национален ресторан со извонреден, топол и пред се, традиционален старо-македонски амбиент.

Наша цел е да го задржиме традиционалниот вкус на храната

Нашата лична карта и препознатлив белег е пред се националната храна, исклучително здрава храна подготвена на традиционален начин во фурна на дрва, како и во најсовремена кујна опремена по  HACCP систем. Подготвуваме најразлични коктели и шведски маси, организираме прослави и забави, како и менија за групи. Само ако не посетите, ќе може да се уверите. Ви стоиме на располагање за организирање на прослави, настани и забави, како и коктели, шведски маси и менија за групи. Со капацитет за седење со повеќе од 270 места.

Повелете, Ве очекуваме.